Академија Пандев имаше катастрофално отворање на новиот комплекс „Горан Пандев“. Доживеа пораз (1-2) од градскиот ривал Беласица, а трагичар на мечот беше домашниот голман Марко Алчевски.
При првиот гол на Зоран Митевски ја испушти топката од раце и „киксот“ го искористи фудбалерот на Беласица, а во вториот дел направи уште една огромна грешка. Тргна да ја дегажира топката истрчан надвор од шеснаесетникот, го погоди Стефан Сулев кој му доаѓаше во пресрет и топката се одби во небранетиот гол на „пандевци“. Лоша среќа за домашниот голман и за тимот на Академија Пандев и прва прволигашка победа за Беласица оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













