По минатонеделното откривање дека голем број турски фудбалски судии учествувале во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, меѓу кои 17 судии и еден ненаведен претседател на прволигашки клуб.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул соопшти дека 17 судии се осомничени за занемарување на должностите и манипулирање со резултатите од натпреварите, додека претседателот на прволигашкиот клуб е осомничен за „местење резултати“. Засега се уапсени 18 од 21 осомничен, соопшти новинската агенција „Анадолу“.
Истражувањето на Турската фудбалска федерација откри дека 371 од 571 активен судија во турските професионални лиги имаат обложувачки сметки, а 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хаџиосманоглу, тоа го нарече криза на моралот во турскиот фудбал. По откривањето на аферата, Турската фудбалска федерација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивни помошници.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













