Марк Касадо е пред трансфер во Вест Хем, објавија медиумите на Островот. Лондонскиот клуб испратил понуда за трансфер на играчот за врска на Барселона во вредност од 30 милиони евра.
21-годишниот играч за врска нема место во составот на каталонците и сака да го смени клубот во обид да добие повеќе минути на теренот. Шпанскиот репрезентативец е цел на интерес и од Атлетико Мадрид, но најверојатно ќе заврши во Лондон.
Вест Хем се интересира и за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во обид да го реновира средниот ред до крајот на летниот преоден рок.
Во минатата сезона, Касадо постигна еден гол и запиша шест асистенции на 36 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Барселона му трае до летото следната година.
Вест Хем, кој има потреба од засилувања за новата сезона, сака да го ангажира и Матеус Фернандес од Саутемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













