Италијанскиот репрезентативец Марко Верати е „заморен“ од Франција и сака да се врати во татковината. Тој веќе десет години го носи дресот на ПСЖ, а „монотонијата“ во која се наоѓа клубот и лошата атмосфера што ја создаваат навивачите го наведуваат да размислува за враќање во Италија.
Тој на 20 години од Пескара замина директно во ПСЖ и би сакал на крајот од кариерата да заигра во некој од италијанските гиганти. Јувентус и Милан веднаш се појавија како заинтересирани клубови и можни опции за искусниот централен играч за врска.
Проблем за италијанските гиганти би можеле да бидат големите приходи кои Верати ги има во Париз. Тој заработува нешто повеќе од 9 милиони евра по сезона, што е „невозможна мисија“ дури и за најбогатите во Серија А.
Верати има договор со парижаните до 2024 година, а клубот сигурно не би се откажал од својот одличен играч за врска за помалку од 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













