Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше настапот на напаѓачот Виктор Ѓокереш по победата над Вулверхемптон од 2-1 во натпревар од Премиер – лигата.
„Забележувам добра поврзаност меѓу Виктор и играчите од средниот ред. Често се поставуваше одлично, но топката не стигнуваше доволно брзо во шеснаесетникот. Неговата замисла и вложениот труд беа јасно видливи и на тоа треба да продолжиме да градиме“, изјави Артета во својата анализа.
Тој додаде дека тимот почувствувал олеснување по победата, но и дека е свесен оти мора да победува поубедливо.
„Во второто полувреме требаше да ја подигнеме играта и мислам дека го направивме тоа, но имаше 2-3 минути во кои бевме целосно пасивни. Среќни сме поради триумфот, но очигледно има простор за напредок.“
Артета не го изостави ниту противникот, кој прикажа одлична игра на „Емирати“.
„Мора да му се оддаде признание на Вулверхемптон. Очекував тежок натпревар, но сами си ја искомпликувавме ситуацијата со примениот гол, што е недозволиво. Секоја победа во Премиер – лигата е причина за задоволство, но сами си ја отежнавме работата и тоа е најважната поука“, заклучи менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













