Долгогодишниот играч на Пари Сен Жермен, Марко Верати, ја објасни својата одлука да не се пресели во друг европски клуб, туку да ја прифати понудата на катарскиот Ал-Араби. И покрај тоа што има само 30 години, италијанскиот играч од средниот ред избра да го напушти Стариот континент. Тој помина 11 години во ПСЖ, но новиот тренер Луис Енрике се откажа од него.
„Не сакав да одам во друг европски клуб кој би можел да се сретне со ПСЖ. Сакав да биде мојот последен тим во Европа“, изјави Верати во интервју за „Л’Екип“.
Играчот за врска има 416 настапи за парижаните, освои девет шампионски титули во Лига 1 и вкупно 30 трофеи со клубот. Ова го прави и играч со најмногу трофеи во историјата на Лига 1.
Интересно, францускиот шампион му ја покажа вратата само шест месеци откако потпиша нов договор.
„Дали ја разбирам оваа одлука? Мислиме дека нема многу добри причини во фудбалот. Секој има свои ставови за играта и ми се чини дека Луис Енрике сакаше други фудбалери. Немам ништо против него“, објасни Верати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













