И по паузата поради Мундијалот, фудбалерите на Арсенал продолжија да победуваат во Премиер – лигата. Во понеделникот со победата над Вест Хем, Арсенал задржа пет бода повеќе од Манчестер Сити на врвот на табелата, а легендарниот менаџер на лондонскиот клуб Арсен Венгер го следеше натпреварот од трибините на „Емирати“.
Тој го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и во тој период имаше многу успеси.
Со „топчиите“ освои 17 трофеи. Посебна за паметење е сезоната 2003/04, кога тимот го освои англискиот шампионат без пораз.
Арсенал неодамна одлучи да му оддаде почит на францускиот тренер поставувајќи негова статуа пред стадионот. Тоа е чест резервирана во Велика Британија само за најголемите легенди.
Статуата на Венгер ќе биде поставена веднаш до спомениците на поранешните великани на клубот, Тони Адамс, Денис Бергкамп и Тиери Анри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













