Connect with us

Венгер: Бензема заслужува да биде повикан на Европското првенство

Веќе шест години, во францускиот национален тим, го нема Карим Бензема, најдобриот фудбалер на Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо. Но, поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер инсистира на тоа дека Карим го заслужил своето место во тимот.

“Постојаното не повикување на Бензема не е поврзано со способноста на играчот“, изјави Венгер во неодамнешно интервју за француска телевизија.

„Според мене, Бензема во целост заслужува да биде повикан на Европското првенство. Тој би можел да игра за која било репрезентација, но не игра за Франција поради проблем кој не од спортска природа. Бензема е стартер во Реал Мадрид повеќе од 10 години, а неговиот рекорд во клубот е неверојатен.”

Напаѓачот беше суспендиран од националниот тим во 2015 година како резултат на скандалот околу наводната уцена на неговиот сонародник, Матје Валбуена. На 33-годишникот ќе му се суди во октомври годинава поради неговата наводна улога во изнудување пари од неговиот поранешен соиграч во резпрезентацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови