Connect with us

Велкоски: Работнички размислува само за победа пред дуелот со Брера

Работнички се наоѓа на незавидна позиција на табелата, на претпоследното место, и нема многу избор, едноставно мора да победува и да собира бодови за да побегне што е можно побрзо кон средишниот дел. Затоа, дуелот против АП Брера е многу значаен, а избраниците на тренерот Алпарслан Ердем гледаат шанса да се вратат на победите.

Работнички не одигра слабо против Вардар и против Шкендија, но ги загуби двата меча. Според дефанзивецот Виктор Велкоски, редно време е за победа и три бода.

„Работиме напорно, ги анализираме натпреварите и знаеме дека и покрај тоа што бевме поразени од Вардар и од Шкендија, се забележува напредок во играта. Веруваме и очекуваме дека тоа ќе даде ефект на дуелот против Струмичани, дека ќе победиме и ќе освоиме три бода. Во никој случај не го потценуваме младиот тим на Брера, но едноставно наш императив се бодовите на овој меч“, изјави Виктор Велкоски.

Натпреварот меѓу Работнички и АП Брера се игра од 15:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови