Connect with us

Ваучер-системот оди во историја, но поддршка за фудбалот ќе доаѓа директно од буџетот

Македонскиот фудбал и спорт воопшто влегува во неизвесност за својата егзистенција откако е укинат ваучер-системот во Република Македонија. Тој беше одредена финансиска поддршка, но донесе и многу малверзации со оглед на начинот на „наплаќање“ на ваучерот.


Се разви „традиција“ поголем дел компаниите кои имаа можност дел од годишната добивка на име на данок на државниот имор, да бараат и најмалку 30% на „враќање во кеш“.


На денешната седница на Собранието е избришан членот 30-а од Законот.


„Со членот 30-а од Законот е предвидено даночно ослободување за даночните обврзници кои донираат во спортот. Имено истите имаат право на намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации на спортски субјекти. Во насока на изедначување на третманот на дадените донации во спортот со донациите во другите области, како и разгледување на можноста за обезбедување на друг начин на поддршка на развојот на спортот се утврди дека е потребно да се избрише постојното даночно ослободување на обврзниците за дадените донации во спортот“ – се вели во објаснувањето на измените.


Истите имаат важност од 1 јануари 2024 година, што значи дека клубовите оваа година ќе можат да ги искористат доделените ваучери за 2023 година.


Од следната, тоа ќе треба да биде регулирано како директна финансиска помош од буџетот на државата, за да се отстранат аномалиите кои ги понуди овој ваучер-систем.


„Одиме со поинакво решение, ваучер-системот нема да оди преку поддршка и ослободување од даночната обврска туку ќе се реализираат преку програма на Влада – директно како поддршка од буџетот. Институцијата што ќе го реализира тоа дополнително ќе се прецизира преку законот. Оваа важна категорија за поддршка на спортот останува, но со изменет систем затоа што досегашното решение во пракса создаваше црн пазар“, истакна министерот за финансии, Фетмир Бесими, пред неколку месеци, кога и најави дека ќе има промени со ваучер-системот.


Сепак, сѐ додека не биде официјално познато како ќе функционира новиот систем за поддршка на спортот, клубовите и спортските работници ќе бидат во неизвесност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови