
Вардар пoбегна пет бода во однос на првиот следбеник Академија Пандев, со триумфот од 2-0 против Ренова. Сега „црвено-црните“ имаат 30 бода, пет повеќе од Академија Пандев и 12 повеќе од Шкендија.
Вардар поведе со голот на Даниел Аврамовски во 20.минута, а победата ја потврди Јован Попозлатанов во 90.минута од мечот.
Шкендија убедливо го победи Борец со 4-0. Арменд Алими постигна хет – трик на овој меч. Тој погоди за водство во 23.минута, само една минута подоцна стрелаше и Бесарт Ибраими, а следните два гола повторно беа на Алими, во 30. и во 67.минута.
Силекс оствари гостински триумф во Ѓорче Петров, совладувајќи ја Македонија ЃП со 0-1. Дејан Благојевиќ го постигна победничкиот гол за кратовци во 30.минута од натпреварот. Шкупи и Струга Трим Лум ремизираа без голови.
ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – РЕНОВА 2-0
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 4-0
ШКУПИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1
ВЧЕРА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Табела: Шкендија 30, Академија Пандев 25, Шкендија 18, Шкупи 18, Силекс 18, Македонија ЃП 17, Струга ТЛ 15, Ренова 14, Борец 14, Работнички 11.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
