Фудбалерите на Вардар посакуваат продолжување на позитивната резултатска низа и против Струга Трим Лум кое е едно од најпријатните изненадувања на почетокот од новата сезона, во денешното 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По претходната победа над Ренова на гости, сега „вардарци“ веруваат и во нова победа и покрај тоа што сосема е јасно дека ги чекаат незгодните стружани.
Од Струга ТЛ ја оставаат фаворитската улога на Вардар, но тренерот Јетон Беќири е сигурен дека може да парираат на „црвено-црните“ во желбата и да го изненадат фаворитот.
„Вардар игра во одлична форма последните неколку натпревари, по лошиот старт. Но, и покрај тоа што знаеме дека ја носи фаворитската улога во Скопје патуваме желни за максимално надигрување и борба да се дојде до позитивен резултат. Ќе ни недостасуваат и суспендираните Тафа и Касами, но верувам дека секој кој ќе настапи ќе го даде максимумот на терен“ – вели Беќири.
Шкупи, пак, на домашен терен предводен од новиот тренер Булент Акин атакува на трите бода против Силекс. За настап ќе конкурира и Бесар Исени, кој подолг период беше во аут поради повреда, но ќе недостасува поради суспензија Марин Јурина.
„Очекуваме тежок натпревар, Силекс е добар тим, но ние одиме на три бода. Веруваме дека може да донесеме триумф и радост за нашите навивачи“ – вели десниот бек на чаирчани, Филип Стојановски.
ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Вчера: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА 2-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













