
По ремито на претходниот натпревар со Силекс, и киксот на „пандевци“ и Шкендија, Вардар денеска во Струмица е пред сериозна можност да ја запечати конечно есенската „круна“ во Првата македонска фудбалска лига.
Во дерби пресметката на 17. коло, „вардарци“ се силно мотивирани за максимален ангажман против Академија Пандев и освојување најмалку еден бод кој ќе биде доволен, на едно коло пред крајот на есенскиот дел, да се заокружи недостижна предност во однос на конкурентите.
Но, како што сами потенцираат, голем мотив за триумф има и во редовите на Академија Пандев…
„Вардар сам по себе е силен мотив за надигрување. Овој натпревар е од голема важност за нас и секако ќе го дадеме максимумот трите бода да останат во Струмица. Очекуваме и поддршка од трибините“ – истакнуваат од редовите на Академија Пандев.
Третата екипа која, пак, очекува кикс на Вардар е секако Шкендија. Бранителот на титулата загуби претходнодо коло на гостувањето против Струга ТЛ, па сега на домашен терен против Шкупи размислува само на триумф.
ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА
ВЧЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Зекирија Рамадани нов тренер на косовскиот прволигаш Дрита

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Ѓорѓи Мојсов

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?
