
Најтрофејниот македонски клуб Вардар е меѓу десетте најголеми губитници од распадот на поранешна Југославија, истакна фејсбук страницата за ексју – фудбал. Вардар е сместен на осмото место од десет клуба кои најмногу загубиле со расформирањето на поранешната југословенска лига, а меѓу губитниците се речиси сите големи клубови од тоа поранешно време, освен Динамо Загреб кој и во овој нов период функционира одлично и има забележителни резултати.

Најголем губитник е Хајдук Сплит, на третото место е Вележ Мостар, а на петтото Црвена Звезда
„Веројатно испаѓањето на Вардар во Втората лига не е прв ваков случај во историјата на најголемиот македонски клуб. Ист случај имаше во 2011 година, кога Вардар заврши како претпоследен и се спаси со фузијата со Миравци од истоименото село крај Гевгелија. Двократното испаѓање од слабата македонска лига, без оглед на повремените домашни и европски излети, го става некогашниот ‘шајберов шампион’ меѓу најголемите губитници во фудбалската транцизија на овие простори.

Изгледа дека некогашниот југословенски великан и фудбалска гордост на Македонија се претопи во сивилото и просечноста. Македонија во СФРЈ имаше еден, евентуално два прволигаши и кога од таква конкуренција треба да направите посебна лига, без спонзорства на државните фирми, без возрасна граница која постоеше во југословенскиот фудбал, без гледачи, без ТВ-права, денешната македонска лига е на ранг, а можеби и под рангот на некогашните републички лиги во бившата држава. Во таква конкуренција тешко е да се направи и да се задржи квалитетот“, се објаснува ситуацијата во ФК Вардар и рангирањето на осмото место меѓу екс-југословенските губитници.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
