
Најтрофејниот македонски клуб Вардар, конечно, на само десет дена пред почетокот на првенството ги стартуваше подготовките за новата сезона 2020/21 во Првата македонска фудбалска лига. По многу неизвесност и дилеми, сепак, „црвено-црните“ во базата во Хиподром го одржаа првиот тренинг.
Со две години апстиненција од европските купови поради кршење на финансискиот фер-плеј на УЕФА, огромни долгови од спонзорот Сергеј Самсоненко, кој во меѓувреме се повлече, и раководството, тренерот Александар Васоски во базата во Хиподром ги преброи фудбалерите. Неколкумина од најдобрите од минатата сезона веќе не се дел од составот, а има и четири нови имиња Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велковски, и најверојатно Бојан Најденов… Тие треба да бидат замени за оние кои заминаа, ги нема веќе странците Реис Жуниор и Евгениj Новак, нема уште неколку млади таленти Ибиши, Младеновски, Али Адем…, замина капитенот Филип Гачевски, како и репрезентативецот Кристијан Тошевски. На денешниот прв собир присутни, сепак, беа Мицевски, Најдовски, Попзлатанов, Цветаноски…
Вардарци ќе имаат само десетина денови за подготовки пред пролетниот старт и првиот меч против Борец на арената „Тоше Проески“ на 9.август, на премиерата од новиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
