
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се реструктуира и кадровски се засилува. Навивачката група “Комити” преку здружението “35 години вардарци” ги презедоа акциите на клубот, тие официјално го трансформираат во клуб на народот.
“Вардар е институција во Македонија, Вардар е најголемиот бренд. Со Вардар освоив многу титули, се нафатив да помогнам, да речам така волонтерски, но сите ќе се вложиме да помогнеме и да го издигнеме. Би сакал да им заблагодарам на Александар Бајевски и на Бобан Грнчаров кои беа дел од клубот кога беше можеби и најтешко”, изјави Ѓоко Хаџиевски кој ќе ја извршува функцијата спортски директор.
Нов тренер е Александар Васоски, кој вчера го водеше тимот против Силекс (2-2).
“Огромна чест е да се биде дел од Вардар, јас кариерата му ја должам на овој клуб и секогаш сум тука да помогнам. Го преземав тимот без ниту еден тренинг, освоивме бод против Силекс и ќе се вложиме да одиме напред”, изјави Александар Васоски.
Нов портпарол на Вардар е Мијалче Дургутов кој во минатото беше портпарол на Фудбалската федерација на Македонија.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Голем пресврт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Шчесни го спаси Јувентус од пораз во Бергамо
