Connect with us

Вардар ја засили одбраната со Александар Ѓурковски

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја засили одбраната со Александар Ѓурковски. 21-годишниот дефанзивец потекнува од фудбалска академија на „црвено-црните“, а во првиот тим на Вардар настапуваше во сезоната 2020/21 забележувајќи 19 настапи.


Во ПМФЛ покрај Вардар има настапувано и за екипите на Шкупи и Тиквеш каде вкупно има 48 натпревари.


Ѓурковски има настапувано за сите младински селекции на Македонија и сигурно ќе биде големо засилување за составот на Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови