
Симболично, денеска во 19.47 , фудбалскиот клуб Вардар ја почна продажбата на сезонските билети за сите домашни натпревари на екипата во Првата лига. Навивачката група Комити, која вели дека сега комплетно го контролира клубот, објави дека сезонските билети/членски карти чинат 1000 денари.
- Членските карти ќе чинат 1000 денари, и ќе може да се купат онлајн и во живо. Онлајн, преку страницата на “МК Тикетс”, каде што, откако ќе ги наведете потребните информации (Име и презиме, и e mail адреса), ќе ви биде издадена потврда – ваучер. Тој ваучер, ќе може да го замените со пластифицирана членска картичка, веднаш откако истите ќе бидат изготвени.
Покрај онлајн продажбата, ќе постои и опција за купување во живо. Имено, на сите продажни места на “МК Тикетс”, ќе имате можност, да го купите ваучерот, кој подоцна ќе може да го замените со пластифицирана членска карта, објавија од ФК Вардар.
Велат дека и оваа акција како и претходната ќе била спроеведена транспарентно преку редовни известувања за текот на акцијата.
- Во овој момент, клубот е целосно во наши раце, а со тоа и неговата судбина. Успехот на оваа акција, значи сигурна иднина за ФК Вардар и почеток на една здрава, успешна спортска приказна, која заедно со сите Вас, сакаме да ја изградиме. За крај, јасно сакаме да потенцираме дека, единствената цел на акцијата, ќе биде – прилив на финансиски средства, за нормално функционирање на ФК Вардар, се вели во објавата на официјалниот профил на ФК Вардарна Фејсбук.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
