
МАКФУДБАЛ во Лозана,
Најтрофејниот македонски клуб Вардар вечерва во Швајцарија го игра реванш натпреварот против Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Со предност од еден гол (2-1), вардарци знаат дека ги очекува многу тежок дуел. Но, и подготвени се да одолеат и да се пласираат во следната рунда.
Предноста од 2-1 секако влева дополнителна самодоверба и сигурност кај избраниците на Гоце Седлоски. А тој мудро молчи, сигурно чува дел од адутите и вели дека Вардар е мирен и подготвен за уште едно големо надигрување.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме нашите шанси“, вели Седлоски.
Капитенот Горан Закариќ е подготвен, иако шефот Седлоски остави одредена дилема дали ќе биде стартер. Не стравува ниту од подлогата. Реваншот ќе се игра на терен со вештачка трева.
„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. Ќе одлучиме пред мечот, дали и колку ќе игра. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на сѐ. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч, против сериозен ривал. Нека победи подобриот“, истакнува шефот на стручниот штаб на Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski