Најтрофејниот македонски клуб Вардар губи со 3-0 од Лозана по првиот дел од реваншот во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Тоа е резултат што за жал веќе не е во корист на Вардар и ја носи Лозана во следната рунда од натпреварувањето. Вардарци во Швајцарија дојдоа со минимална предност (2-1), но ја загубија по првите 45 минути.
Мечот почна со отворена игра од двата тима, а Лозана искористи невнимание во одбраната на Вардар во 16.минута. По корнерот од левата страна, Ноа Дусен со удар со глава донесе предност од 1-0.
Само две минути подоцна Вардар можеше да возврати преку Мато, а потоа и преку Омерагиќ, но голманот Карло Летица одлично интервенираше.
Но, Лозана покажа дека на домашен терен е многу поопасен тим. Во 33.минута, Лекуери одлично го проигра напаѓачот Кели Сене, кој излезе сам пред Давор Талески и успеа да о совлада.

Само три минути подоцна уште една одлична шанса за Лозана. Гаусу Дијаките од изгледна можност шутираше, но Талески овојпат одлично одбрани.
Лозана пред крајот на првото полувреме постигна и трет гол. Кели Сене повторно беше побрз од одбраната на Вардар и успеа уште еднаш да го совлада Давор Талески.
Вардар сега има два гола негатива во севкупниот скор, но може да се врати во игра со два погодока во второто полувреме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













