По убедливиот пораз на Вардар во Лозана, тренерот на швајцарскиот тим, Питер Цајдлер, со задоволство зборуваше за настапот на својата екипа. За разлика од првиот натпревар во Скопје, каде мечот беше порамноправен, сега Лозана доминираше и славеше со високи 5-0, обезбедувајќи пласман во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА.
„Имаше момент кога мечот можеше да тргне во друга насока – доколку Вардар реализираше една од шансите, можеби ќе беше поинаку. Ако дадеа гол за 1-1, можеби сѐ ќе беше поинаку. Но, не видов вистинска реакција од нив. По нашиот четврти гол, сè беше полесно, играчите се ослободија“, рече Цајдлер.
Тој додаде дека иако Вардар покажа квалитет и умее да игра фудбал, психолошкиот момент по првото полувреме бил клучен за развојот на натпреварот: „Вардар не е слаб тим. Не загубија поради тоа што не знаат, туку ние денес бевме поуверени и не се плашиме ниту од следниот ривал.“
Во третото квалификациско коло, Лозана ќе се сретне со казахстанскиот претставник Астана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













