Пријателскиот натпревар Шкупи – Арсими закажан за денеска во 18 часот на стадионот во Чаир нема да се одигра поради сомнеж дека за мечот се уплаќани големи суми на пари во обложувалници на блискиот исток. За ова се стигнати сигнали и во канцеларијата на ФФМ.
Арсими информирал дека нема да се појави и нема да го одигра најавениот меч поради тоа што не сакаат да влегуваат во сомнителни игри.
Во фудбалските кулоари се шпекулира дека Шкупи имале намера да настапат на натпреварот со фудбалери 2008/09, а на мечот требало да има најмалку 5 погодоци.
Прашањето е следно: што е целта на сопствениците на ФК Шкупи? Да го нарушуваат интегритететот од лукративни причини или ова е обид за продолжение на чудните резултати од ланската полусезона? Некои одат подалеку и поврзуваат дека спортски директор на ФК Шкупи е Флорим Муча, кој е близок со поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.
Во време кога фудбалот во Македонија се обидува да изгради доверба, транспарентност и фер натпреварување, ваквите случувања претставуваат сериозна закана за имиџот на лигата и спортот во целина.
Потребна е брза и јасна реакција од надлежните органи за расчистување на сомнежите и заштита на интегритетот на натпреварувањата.
Секој обид за манипулација мора да биде детектиран и санкциониран во интерес на сите кои чесно вложуваат во играта.
До закажаниот почеток на пријателскиот натпревар останува уште половина час, ќе видиме дали ќе се одигра…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













