Дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум е одложено, па во фокусот на денешното второ коло од Првата фудбалска лига ќе биде пресметката меѓу Вардар и Шкупи. Двете екипи доживеаја порази на стартот, Вардар загуби од Брера во Струмица со 1-0, а Шкупи токму на стадионот „Борис Трајковски“ каде ќе игра и денеска, беше поразен од Работнички со 3-1.
Шкупи е во трансформација, доведе три нови засилувања изминатата недела, но и ги продаде Реналдо Цефас и Валид Хамиди. Можеби ќе треба малку време за да профукционира новиот напад со Армин Хоџиќ, Нилтон Родригез и Луан Абази.
Вардарци конечно ги регистрираа сите странци, Матеус, Педрињо и Алберт, па тренерот Бобан Грнчаров ќе има многу поголем фонд за избор на тимот на денешното дерби. Секако, можеби и најголемата сила на Вардар ќе дојде од трибините, каде „Комити“ се организираат за да дадат огромна поддршка на тимот.
Интересно ќе биде и во Кратово. Работнички зеде залет по триумфот над Шкупи, а дефанзивецот Егзон Белица порача дека „романтичарите“ сакаат три бода и од Кратово.
„Триумфот над Шкупи ни даде елан, работевме добро изминатава седмица и се надеваме дека во таков ритам ќе продолжиме и на денешниот натпревар против Силекс. Го респектираме ривалот, не е лесно да се освојат бодови во Кратово, но овој тим на Работнички има квалитет и сила да го стори тоа. Подготвени сме за надигрување и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Егзон Белица.
АП Брера Струмица ја пречекува Воска Спорт и после триумфот над Вардар посакува и втор успех.
Гостивар на домашен терен го пречекува Тиквеш, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе биде домаќин на Брегалница.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 часот)
ВАРДАР – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (30.август)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski