Навивачите на Баерн Минхен добија одлични вести по убедливата победа над Клуб Бриж. Големата ѕвезда Џамал Мусијала конечно се врати на тренинг по тешката повреда што го повлече од терените повеќе од три месеци.
Денес 22-годишниот германски репрезентативец излезе на тренинг-центарот во Минхен и одработи индивидуални вежби и координациски тренинг со рехабилитациониот тренер Симон Мартинело. По петнаесетина минути, Мусијала ги смени копачките и направи уште неколку круга околу теренот, а потоа накратко си подаде неколкупати со Серж Гнабри, кој исто така тренираше индивидуално по двонеделна пауза поради повреда на адукторите.
Ова враќање на тревната подлога е клучен чекор во неговото закрепнување, што најчесто значи дека повредата е при крај. Мусијала доживеа луксација на глуждот и фрактура на фибулата на 5-ти јули, за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство против Пари Сен Жермен (0-2), по судир со голманот Џанлуиџи Донарума, по што мораше да биде опериран.
„Пресреќен сум што повторно сум на терен. Ова беше голем чекор за мене. Нозете ми се чувствуваат добро. Пред неколку недели направив прв скок, потоа првпат трчав на специјалната лента Alter-G, а сега сум тука – на тревата. Секоја недела напредувам. Сега целта е повторно да ја стекнам брзината, потоа ќе почнам со работа со топка – дриблинг, додавање, удари. Сè оди чекор по чекор, не смееме да брзаме. Сакам да се вратам 100% подготвен“, изјави Мусијала.
Младиот ас истакна и дека добил голема поддршка од соиграчот Алфонсо Дејвис, кој и самиот се рехабилитира од тешка повреда.
„Фонзи ми помогна многу. Тимот, навивачите – сите стоеја зад мене. Во Баерн сме едно големо семејство, и тоа чувство на заедништво навистина ми помогна.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













