
Тренерот Александар Васоски заминува од Вардар, а клубот јавно му се заблагодари на официјалниот сајт. „Црвено-црните“ ја потврдуваат разделбата и потенцираат дека Васоски стори се што е во негова моќ за тимот да има одлични резултати и во овој многу тежок период.
„За шефот на стручниот штаб Александар Васоски, натпреварот против Беласица беше последен на клупата на Вардар.
Фудбалскиот клуб Вардар му се заблагодарува на Васоски за неговиот придонес во клубот, кој беше несебичен, професионален и максимално коректен. Од тимот направи шампион, а што е најважно, афирмираше млади фудбалери кои ќе бидат иднината на македонскиот фудбал.
Му благодариме за минатосезонската титула, која беше плод на многу работа, на многу единство во екипата, и за која дефинитивно има голем придонес.
Му благодариме што успеа во овие тешки моменти за нашиот клуб, да собере сила и да го води тимот кон есенскиот дел од оваа сезона. И тоа да го направи со успех, знаејќи во каква ситуација се наоѓа Вардар, да создаде победнички менталитет, да направи добри фудбалери од овие млади момчиња, и пред се личности.
Му благодариме на Васоски за целиот придонес во сите овие шест години, најпрво како помошник тренер, а потоа и како прв тренер. Благодариме за титулите, за незаборавната авантура во Лигата на Европа од која беше дел, благодариме за сите дадени совети, лекции, сугестии. Никогаш нема да ја заборавиме трагата која ја остави во нашиот клуб.
Васоски, ти посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Со надеж дека еден ден повторно ќе бидеш меѓу „црвено-црните“, онаму каде што припаѓаш! Вардар е твојот дом!
Благодариме и среќно, Тетовче!“, стои во обраќањето на ФК Вардар кон својот досегашен тренер.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Жоргињо (ФОТО)

Евро-фудбал
Гави ќе ја носи „шестката“ на Чави

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рајо го победи Вилјареал на гости (ВИДЕО)
