Connect with us

Варан ги построи „ѓаволите“ да им се извинат на фановите

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веднаш се упатија кон соблекувалната откако беа поразени со 7-0 од Ливерпул на „Енфилд“. Рекордниот пораз на Јунајтед во дуелите против нивниот најголем ривал ги посрамоти играчите на Ерик Тен Хаг, кои сакаа да најдат спас надвор од стадионот. Но, ги запре Рафаел Варан кој ги натера да одат и да им се извинат на фановите.


Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и француската репрезентација им довикна на соиграчите и им нареди да ракоплескаат за навивачите на клубот кои пристигнаа на натпреварот и останаа до самиот крај. Имаше многу кои почнаа да го напуштаат стадионот по петтиот, шестиот, а потоа и седмиот примен гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови