Реал Мадрид пропушти шанса да се искачи на првото место во Ла Лига играјќи 2-2 во дербито протиив Севилја. Атлетико Мадрид остана на врвот, а во наредните неколку дена сигурно главна тема ќе биде ВАР – системот и одлуката да биде досуден пенал за Севилја по играта со рака на Милитао, откако акцијата веќе беше на спротивната страна, а Карим Бензема се избори за пенал за „кралевите“.
Судијата долго ја гледаше ВАР – снимката и покажа пенал за Севилја што во гол го претвори Иван Ракитиќ во 78.минута. Тони Крос во 94.минута откако топката удри и во Азар, сепак, донесе реми за Реал Мадрид.
Севилја поведе со голот на Фернандо во 22.минута, а израмни Марко Асенсио во 67.минута.
На три кола до крајот, Атлетико Мадрид повторно е во пол – позиција за освојување на титулата во Ла Лига.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












