
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, го скршил колкот откако вчера паднал од велосипед при враќањето во хотелот по одржувањето на последниот тренинг на селекцијата на „лалињата“ пред клучниот натпревар со Норвешка за настап на Светското првенство.
Денешниот тренинг Ван Гал го проследил со помош на голф возило, кое го управувал неговиот асистент Хенк Фрејзер. Утре на мечот Ван Гал ќе седи во инвалидска количка на дуелот во кој неговата селекција мора да победи за да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.
Daar komt de bondscoach in een golfkar het veld opgereden. pic.twitter.com/uJdSAxGHTc
— Jeroen Kapteijns (@JeroenKapteijns) November 15, 2021
„Имам големи болки, се работи за скршеница на коската. Но, ќе дадам максимум за да го водам тимот. Се друго е во ред, способен сум максимално затоа што мозок функционира перфектно. Можеби не е природна ситуација, но ќе им соопштам се што треба на момците и верувам дека ќе оствариме успех“, изјави Ван Гал.
Во групата Г, Холандија има 20 бода, а Турција и Норвешка по 18 бода во пресрет на последното коло. Холанѓаните утре ја пречекуваат Норвешка, додека Турците и гостуваат на Црна Гора.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski