Connect with us

Валтер Мацари ќе го предводи Мароко на СП во Катар?

Вахид Халилхоџиќ пред пет дена доби отказ од селекторската функција на Мароко, иако успеа да ја однесе репрезентацијата на Светското првенство во Катар. Како причина за прекин на соработката беа наведени несогласувањата меѓу Мароканскиот фудбалски сојуз и Вахид Халилхоџиќ за тоа како најдобро да се подготви тимот за Светското првенство.


Можност за тоа ќе добие нов стручњак, а нејсериозен кандидат е Италијанецот Валтер Мацари.
Според италијанските и француските медиуми, селекторската позиција на Мароко треба да ја преземе Мацари, кој од синоќа е во таа земја на преговори.

Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на Калјари.

На Светското првенство во Катар, Мароко ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска. Мароканците ќе го отворат Мундијалот против Хрватска, а тој натпревар се игра на 23 ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови