Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија реши да им излезе во пресрет на клубовите во сите рангови на натпреварување, укинувајќи ја котизацијата за сезоната 2020/21. Ова е главната одлука што беше донесена на денешниот состанок во „куќата на фудбалот“, како помош за клубовите во периодот на финансиска криза поради пандемијата од коронавирус.
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.
Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19;
Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите од најдобрата наша конкуренција.
– Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski