
Германскиот гигант Баерн Минхен сѐ уште активно бара нов тренер, а работите на „Алијанц арена“ се менуваат со експресно темпо. Во прв план сега повторно е Унаи Емери, актуелниот менаџер на Астон Вила.
Откако Џулијан Нагелсман реши да потпише нов договор со Фудбалската федерација на Германија и да остане на клупата на репрезентацијата, Баерн се сврте кон други опции.
Повторно се споменуваше Зинедин Зидан, но сигурни извори блиски до клубот брзо ја демантираа гласината од Шпанија.
Сепак, само еден ден подоцна се појави информација дека Емери е името кое се наоѓа во плановите на раководството на Баерн Минхен.
Германски извори пишуваат дека Баерн го почитува неговото минато работење, особено во Европа, каде што се истакна со освојувањето на Лигата на Европа со Севилја и со Вилјареал, со кои дури и успеа да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите, додека сега е во полуфиналето од Конференциската лига со Астон Вила.
Емери има договор со Астон Вила која нема да го пушти така лесно, но своевремено тој реши да го напушти Вилјареал кога го повика Арсенал, па зошто не би побарал да замине во Баерн Минхен доколку интересот стане сериозно голем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
