Connect with us

Ултрасите на Јувентус: Лукаку, остани во Милано, веќе имаме втор голман

Група ултраси на Јувентус решија да го исмеваат напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, кој се поврзува со можна преселба кај „бјанконерите“.


Навивачи пред стадионот појавија транспарент на кој пишуваше:

„Лукаку, остани во Милано. Веќе имаме втор голман“.

Како коментар на нивната фотографија на Инстаграм тие додадоа: „Не забораваме што се случи. Никогаш нема да бидеш добредојден овде, Лукаку!!!“

Поводот за ваквата порака на транспарентот е важната ситуација од финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер. Тогаш Белгиецот несакајќи го запре ударот на неговиот соиграч Федерико Димарко, кој можеше да се претвори во израмнување за „нероаѕурите“. На крајот Интер го загуби натпреварот со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови