
УЕФА побара од Украина да го тргне „политичкиот слоган“ од дресот за ЕВРО, откако Русија протестираше. Дресот кој содржи мапа на која е прикажан Крим, присоединет на Русија, како дел од Украина, го содржеше и слоганот „Слава на хероите“.
Водечкото тело на европскиот фудбал претходно го одобри комплетот на Украинците, но сега од УЕФА велат дека комбинацијата на картата и формулацијата на дресот јасно има „историско и милитаристичко значење“.
Шефот на украинскaтa фудбалска федерација (УАФ), Андриј Павелко, го прикажа комплетот во видео снимка на својата Фејсбук страница минатата недела, а Европското првенство треба да започне веќе утре.
Предниот дел на жолто-сините дресови ја покажува територијата на Украина, вклучувајќи ги Крим и источните региони Доњецк и Луганск, кои делумно ги зазедоа проруските сепаратисти.
Слоган на задната страна гласеше „Слава на Украина!“ и уште еден – “Слава на хероите!”, зашиен од внатрешната страна на јаката на кошулата.
Паролите сега се користат како официјални воени поздрави во Украина и служеа како повик на демонстрантите кои го избркаа про-рускиот претседател Виктор Јанукович во 2014 година. Потеклото на мотото е вкоренето во украинскиот антисоветски бунт со децении.
„Веруваме дека силуетата на Украина ќе им даде сила на играчите затоа што тие ќе се борат за цела Украина“, рече Павелко.
Селекторот Андриј Шевченко изјави дека не го интересира каква е реакцијата од Русија, додека амбасадата на САД во Киев, главниот град на Украина, објави твит „Сакај го новиот изглед“, со фотографија од новиот комплет.
Сепак, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги критикуваше дресовите и го спореди слоганот со нацистички повик. Рускиот пратеник Дмитриј Свишчев го нарече дресот „тотално несоодветен“ и ја повика УЕФА да преземе нешто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
