
УЕФА се извини за непријатната ситуација по финалето од Лига Европа, во кое Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед, но неколку играчи на победничкиот тим останаа без медали поради недостиг на исти на церемонијата на доделување.
Меѓу оние кои не добија медал бил и капитенот Хјонг-Мин Сон, кој иако го крена трофејот, немаше медал околу вратот, што предизвика реакции кај навивачите и медиумите.
УЕФА објасни дека проблемот се случил поради неочекувано голем број присутни фудбалери, меѓу кои имало и повредени играчи, кои сепак зеле учество во церемонијата. Во соопштението се наведува:
„Со жалење потврдуваме дека немаше доволно достапни медали за време на церемонијата, поради поголем број членови од очекуваното. Недостигот на медали ќе биде надоместен – тие ќе бидат доставени во соблекувалната на победничкиот тим. Им упатуваме искрено извинување на засегнатите.“
Овој пропуст предизвика изненадување, со оглед на беспрекорната организација на УЕФА, но од централата ветуваат дека медалите ќе бидат испратени наскоро и сите заслужни играчи ќе ги добијат своите одличја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
