Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков, соопшти важна вест дека се водат преговори за враќање на руските клубови во европските клупски натпреварувања и воопшто во сите натпревари кои се под покровителство на Европската фудбалска централа (УЕФА).
Како што е познато, руските тимови не се дел од европскиот фудбал од крајот на февруари 2022 година, кога започна воениот конфликт во Украина, но оваа ситуација би можела наскоро да се промени.
„Во моментот имаме состаноци на кои се дискутираат различни опции за враќањето на нашата земја во европскиот фудбал. Верувам дека порано или подоцна тоа ќе се случи, бидејќи ставовите на другите федерации се менуваат“, изјави Дјуков за руските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













