Connect with us

УЕФА поведе истрага за инцидентот во Ајндховен

Европската фудбалска организација (УЕФА) отвори истрага за инцидент во кој хулиган го нападна голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ, за време на натпреварот од Лига Европа со ПСВ Ајндховен.


Инцидентот се случи во второто полувреме кога еден хулиган му побегна на обезбедување, втрча на теренот и од зад грб го нападна српскиот голман. Дмитровиќ успеа да го совлада и да го собори, а потоа пристигнаа играчите на двете екипи, но и обезбедувањето.

Подоцна се појави информација дека хулиганот и воопшто не смеел да биде на стадионот „Филипс арена“ во Ајндховен, затоа што има забрана токму поради слични инциденти во минатото.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови