
Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој вчера скандалозно ја навредуваше Македонија, по мечот со Хрватска (2-2), се најде под истрага на УЕФА.
Европската куќа на фудбалот отвори истрага за непристојното и навредливо однесување на албанскиот репрезентативец.
„Во врска со натпреварот од групната фаза на УЕФА Европското првенство 2024 меѓу селекциите на Хрватска и на Албанија одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија, е отворена истрага во врска со наводното непристојно однесување на играчот на Албанија, Мирлинд Даку.
Дополнителни информации за овој случај ќе бидат достапни подоцна“, известија од УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
