Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го изрази своето задоволство поради победата на неговиот тим со 1-0 над Јувентус во Лигата на шампионите. Единствениот гол го постигна Џуд Белингaм, кој заслужи пофалби од стратегот на „кралскиот клуб“.
„По закрепнувањето од повредата, Белингaм имаше потреба од силен натпревар. Дури и без да го сметаме голот, тој одигра одлично и многу добро се движеше меѓу линиите. Во второто полувреме успеавме подобро да го пронаоѓаме со додавања. Многу сум среќен за него“, изјави Чаби Алонсо.
Белингaм и одбраната ја донесоа победата на Реал Мадрид.
„Како што одминуваше натпреварот, ја подобрувавме нашата игра. На почетокот нападот не ни функционираше како што треба, но постепено се прилагодивме. Почнавме повеќе да ја поседуваме топката и да го зголемуваме темпото, што ни овозможи да создадеме шанси“, додаде тој.
„Им кажав на играчите дека ова е натпревар во кој мора да се работи напорно, да се бара гол и да не се губи рамнотежата. Така и се случи. Винисиус одигра одлично при акцијата за голот. Не успеавме порано да го решиме натпреварот, но ги освоивме трите поени. Куртоа, исто така, беше одличен. Треба да продолжиме во истиот ритам“, заврши тренерот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













