Англискиот клуб Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која веќе се пласираа преку нивните првенства, тврди британскиот весник „Тајмс“. Причината е што на сопствениците на Манчестер Сити во Абу Даби им пристигнало писмо од УЕФА дека ќе мораат да продадат дел од сопственоста во каталонскиот клуб доколку и двата тима сакаат да играат на најпрестижниот турнир на Стариот континент.
Тие моментно поседуваат 47% од Џирона и доколку не го намалат својот удел на максимум 30%, тимот на Мичел нема да има право да игра во Лигата на шампионите, но автоматски ќе оди во Лига Европа бидејќи речиси сигурно ќе заврши на послаба позиција од „граѓаните“.
„Сити Фудбал Груп“ поседува 100% од Манчестер Сити и 47% од Џирона. Правилата на УЕФА за настап во европските натпреварувања следната сезона ќе бидат испратени до сите клубови до крајот на неделата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













