УЕФА нема да ги отстрани Јувентус, Барселона и Реал Мадрид од Лигата на шампионите следната сезона. Тоа се трите клуба кои се одлучија да не се откажуваат од идејата за Европската Суперлига и имаше најави дека Европската куќа на фудбалот ќе ги суспендира од ЛШ.
Медиумите во Шпанија објавија дека УЕФА веќе пратила покана до трите клуба за да настапуваат и следната сезона во елитното натпреварување.
Суперлигата ја формираа 12 тимови, шесте премиерлигаши веднаш се повлекоа, потоа тој пат го следеа и Атлетико Мадрид, Интер и Милан. Само три клуба, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште не се откажаа од оваа идеја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













