
Приходите на 12-те македонски прволигаши од Првата фудбалска лига за сезоната 2023/24 изнесуваат 10 милиони евра, според денес објавениот финансиски извештај на УЕФА.
Најголем дел од парите за елитните тимови во Македонија доаѓаат од ставката „други приходи“, што претставува 44% од вкупната сума. Од категоријата „трговска дејност“ се заработени 3 милиони евра, што претставува 31% од сите приходи. На трето место се средствата добиени од УЕФА, кои изнесуваат 2,3 милиони евра или 24%.
Приходите од влезници за натпревари се неверојатно скромни 0,1 милион евра (односно 100.000 евра).

За разлика од клубовите од регионот, македонските клубови речиси и да немаат приходи од ТВ права, односно се најниски во споредба со соседните земји.
Во Србија тие изнесуваат 4,6 милиони евра, во Бугарија 3,1 милиони евра, а во Романија – 22,3 милиони евра. Од ТВ права во Грција клубовите годишно инкасираат вкупно 32,5 милиони евра, а во Турција – 73,8 милиони евра.
Големата разлика во негативна смисла за македонскиот клупски фудбал се должи на значително пониската просечна посетеност на трибините, помалиот број на население, како и на фактот што домашниот фудбал предизвикува помал интерес во државата во споредба со соседните земји.

УЕФА скенираше и дека сите македонски прволигаши се акционерски друштва, а 82% од нив немаат сопствени стадиони, туку се „кирајџии“ во општините на кои припаѓаат. Во изминатите 10 години, имало само три големи проекти за (до)изградба на стадиони на кои се играат натпревари од Првата лига. Четири клуба од Првата лига за сезоната 2023/24 пријавиле загуби на крајот од годината, а од вкупните 10 милиони евра кои ги имале сите 12 клуба заедно, дури 5,1 милион евра одат на платите на фудбалските погони и вработените лица во клубовите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
