
Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска потврди дека натпреварот помеѓу Тотенхем и Рен не може да се помести за друг датум. Овој натпревар од шестото коло од Конференциската лига е одложен поради коронавирус во тимот на Тотенхем и се очекуваше да се најде нов термин во кој ќе се игра натпреварот.
Меѓутоа, тоа нема да се случи. Тотенхем и Рен не можеа да најдат заеднички јазик за нов датум и овој меч нема да се одигра.
УЕФА за резултатот од овој натпревар ќе одлучува на „зелена маса“, а се би требало да се знае многу брзо.
„По разговорите меѓу УЕФА, Тотенхем и Рен, натпреварот од Конференциската лига на Европа не може да се одигра. Исходот сега е предмет на Дисциплинската комисија“, открија од УЕФА.
Рен веќе се пласираше во нокаут фазата од натпреварувањето во Конференциската лига, а на Тотенхем му беше потребна победа на овој меч со најмалку два гола разлика за да се пласира во следната рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
