Connect with us

УЕФА ќе го покани Ал-Наср во Лигата на шампионите?

Европската фудбалска организација (УЕФА) размислува да го покани Ал-Наср од Саудиска Арабија да игра во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, тврди новинарот Али Ал-Харби на својата X страница.


„УЕФА има намера да упати покана до Ал-Наср да учествува во Лигата на шампионите во 2024 година, бидејќи е еден од трите најпознати фудбалски клубови и има голема популарност на европскиот континент“, напиша тој.


Од декември 2022 година, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср. Договорот на петкратниот добитник на „Златната топка“ е до 30 јуни 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови