
УЕФА нема да толерира клубови кои не ги плаќаат фудбалерите. Поради ова Европската куќа на фудбалот донесе одлука да исфрли 11 клубови од натпреварувањата во нејзина организација во наредните три години, поради неисполнување на финансиски обврски.
Четири клуба се од просторите на поранешна Југославија.
Три години без настап во Европа ќе бидат Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Ријека и Осијек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана (Малта). Причина за ова е доцнењето на платите за фудбалерите подолго од 90 дена.
Дел од овие клубови ќе имаа можност да добијат условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за претстојните сезони, 2023/24 и 2024/25.
УЕФА им одреди и финансиски казни на овие клубови, па така Клуж ќе мора да плати казна од 250.000 евра, Осијек и Коњаспор по 150.000 евра, а Олимпија 100.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
