Европската фудбалска организација (УЕФА) денеска го суспендираше англискиот судија Дејвид Кут на 16 месеци поради кршење на основните правила на пристојно однесување и доведување на фудбалот, особено УЕФА, на лош глас.
На 42-годишниот англиски судија му е забрането да извршува какви било активности под покровителство на УЕФА до 30 јуни 2026 година, пренесуваат британските медиуми.
Асоцијацијата на фудбалски судии во Англија го отпушти Кут на почетокот на декември минатата година по темелна истрага за неговото однесување.
Претходно, на 11 ноември, асоцијацијата го суспендираше Кут откако на интернет се појави видео-снимка, сè уште непотврдена, на која се гледа како тој користи навредливи зборови за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, и самиот клуб. Два дена подоцна беше покрената истрага, откако весникот „Сан“ објави фотографии на кои се гледа како Кут шмрка бел прашок со американска доларска банкнота за време на Европското првенство во Германија, еден ден откако беше во ВАР собата за натпреварот меѓу Шпанија и Германија во четвртфиналето.
УЕФА покрена истрага на 14 ноември за нејзината комисија да утврди дали Кут ги прекршил дисциплинските правила, а денеска ја донесе одлуката за неговата суспензија. Фудбалскиот сојуз на Англија на 27 ноември покрена одделна истрага по наводите дека Кут, пред натпреварот меѓу Лидс и Вест Бромвич во Чемпионшип во 2019 година, разговарал со познаник за можноста да додели жолт картон на еден фудбалер. Тој ги негираше овие наводи, нарекувајќи ги „лажни и клеветнички“.
Кут шест години беше судија во Премиер – лигата, а во 2023 година го судеше финалето на Лига купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Во првото интервју откако започна процесот против него, Кут кон крајот на јануари откри дека е хомосексуалец и дека „борбата со сексуалноста“ довела до недостаток на самодоверба и до тоа да направи „многу лоши избори“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













