
УЕФА остро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, објави Европската фудбалска организација на својот официјален сајт.
„УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага. Заедно со ФИФА, ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да се осигураме дека федерацијата ќе остане слободна од какви било интервенции, во согласност со статутите на УЕФА и ФИФА, и постојано ќе проценуваме дали се потребни понатамошни мерки.
Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува за Северна Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со цел да се осигура независноста на ФФМ и нејзиното почитување“, се вели во соопштението на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal