Connect with us

Ливерпул ќе го повлече дресот со број „20“, што го носеше Диого Жота

Ливерпул донесе историска одлука и соопшти дека дресот со број „20“, кој го носеше трагично починатиот Диого Жота, ќе биде повлечен од употреба – за првпат во историјата на клубот еден број да биде официјално пензиониран.

„Бројот 20 заслужено ќе остане запишан во историјата на Ливерпул. Она што за жал беше негов последен блесок на теренот, му донесе шампионска титула во Премиер лигата и триумф во Лигата на нации. Тој број ќе остане симбол на незаборавната сезона 2024/25 – дваесеттата титула во историјата на клубот. Ќе го паметиме по неговата препознатлива финта и голот што ја донесе победата во Мерсисајд дербито пред трибината ‘Коп’ – неговиот последен, исполнет со емоции, погодок во животот“, соопштија од Ливерпул.

Диого Жота го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа заедно со својот помлад брат Андре Силва, фудбалер на португалскиот Пенафил. Инцидентот се случи на автопатот А-52, во шпанската покраина Замора – делница позната по голем број несреќи и сообраќајни прекршоци.

Несреќата се случила кога нивниот „Ламборџини“, поради пукање на гума, излетал од коловозот додека се обидувале да претекнат друго возило. Трагедијата се случила кај местото Сернадиља, недалеку од португалската граница. Итните служби потврдија дека и двајцата починале на лице место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови