Македонскиот прволигаш Брегалница славеше убедливо (4-0) против украинскиот прволигаш Металист Харков. Тимот што го предводи Илчо Ѓорѓиоски прикажа одличен фудбал и завидна ефикасност.
По одличниот почеток на натпревар во кој „сините“ комплетно доминираа со неколку изградени шанси, следеше водството од 1-0 со евро-голот на Бобан Георгиев во 32. минута со шут од далечина.
Во второто полувреме, сосема еднакво издание на Брегалница, па веќе во 56. минута нововлезениот Марјан Алтипармаковски зголеми на 2-0. Но, на тоа не се застана. Офанзивната игра резултираше и со трет погодок во 71. минута кој беше дело на Дарко Додев за 3-0.
И кога се мислеше дека ќе следи крај со тој резултат, „сините“ не мислеа така. Па во 88. минута Алтипармаковски со својот втор гол ги постави конечните 4-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













