Едер Милитао целосно се опоравил од повредата и ќе може да започне во стартниот состав на Реал Мадрид за натпреварот од Ла Лига против Вилјареал во сабота навечер, јавуваат шпанските медиуми.
Од медицинскиот тим на 15-кратниот европски шампион потврдија дека состојбата на Милитао изненадувачки се подобрила во последните 48 часа.
Ова се случува само шест дена по повредата што ја заработи бразилскиот репрезентативец за време на градското дерби со Атлетико Мадрид минатата недела. Во понеделникот, 27-годишниот централен дефанзивец имаше проблеми со глуждот на левата нога и чувствуваше силни болки во претходните денови.
Реал Мадрид доживеа пораз (2-5) од Атлетико Мадрид и моментално го зазема второто место на табелата во шпанското првенство, заостанувајќи еден бод зад лидерот Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













