Двајцата италијански репрезентативци Марко Верати и Алесандро Флоренци го надминаа коронавирусот и ќе можат да се вратат во тимот на Пари Сен Жермен. Ова е убава вест за тренерот Маурисио Покетино пред реванш мечот против Баерн Минхен во Париз, во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Верати и Флоренци добиле два негативни теста на Ковид-19 и можат да ја напуштат изолацијата враќајќи им се на клупските обврски. Тие беа дел од кластерот што ја зафати италијанската фудбалска репрезентација по последната квалификациска сесија за СП 2022 во Катар.
Единствената грижа за Покетино сега останува голманот Кејлор Навас кој се жали на болки во рамото и поради тоа беше повлечен од игра на полувремето од дуелот во францускиот шампионат против Стразбур.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













